|
Напишано од Administrator
|
|
Сабота, 10 Март 2012 21:15 |
|
Следејќи ги современите трендови во ловството, концесионерите на ловиштата во нашата држава треба сериозно да се посветат на развојот на ловниот туризам. Новиот систем на уредување во нашата држава и начинот на стопанисување со ловиштата во соседните земји каде ловството се базира на висок професионализам и на профитабилна основа, наметнуваат потреба и кај нас да почне да се изнаоѓаат начини за остварување на профит од концесионирањето со ловиштата.
На концесионерите треба да им е јасно дека, додека за ловците ловот е рекреација и забава за концесионерите тоа е бизнис за кој се потребни големи финансиски средства. Неможат повеќе концесионерите на ловиштата да се надеваат дека ќе можат да опстојат само од членарина, бидејќи новиот систем на уредување донесе развој на конкуренцијата и секој треба да се бори за својот опстанок и своето место на пазарот.
|
|
Последно освежено на Сабота, 10 Март 2012 22:49 |
|
Повеќе...
|
|
|
Ловишта во Република Македонија |
|
|
|
|
Напишано од Administrator
|
|
Петок, 18 Ноември 2011 20:56 |
|
Во нашата држава за жал многу тешко се достапни одредени информации од јавен карактер од проста причина што истите или не се обработени и сумирани или едноставно нема кој да ги објави. Соочувајќи се со одредени проблеми при добивање на разни податоци поврзани со ловството во Македонија, решив да засукам ракави и на големиот број ловци од Македонија да им помогнам да ги прошират своите познавања од оваа област. Воедно сакав да извршам и промовирање на ловството во Македонија укажувајќи дека кај нас ловството има богата и успешна традиција.
Во оваа прилика сакам да дадам краток осврт на бројната состојба на ловиштата во Македонија. Верувам дека многумина сакаат да знаат колку и какви ловишта има во нашата држава па со овој текст во кратки црти ќе го презентирам тоа.
|
|
Последно освежено на Петок, 18 Ноември 2011 21:36 |
|
Повеќе...
|
|
Краток осврт на новите состојби на ловството во Македонија |
|
|
|
|
Напишано од Administrator
|
|
Четврток, 17 Ноември 2011 19:28 |
|
Навлегувајќи во проблематиката на ловството и проучувајќи го и анализирајќи го минатиот период од ловството во Македонија, заклучив дека одредени потези на одговорните лица во ловството создадоа услови за негов развој како во ретко која област во нашата држава.
Се изврши еден вид на трансформација на ловството што допринесе во изминативе четири години во нашата држава да се создадат услови за влез на приватниот капитал во ловството. Тоа резултираше со голем број на инвестиции, осовременување и отварање на нови работни места во оваа област. Така, досега околу 40% од новододелените ловишта во Македонија се доделени на приватници, кои решија своите инвестиции да ги насочат токму во ловството.
|
|
Последно освежено на Четврток, 17 Ноември 2011 20:04 |
|
Повеќе...
|
|
Пролетно пребројување на дивечот во полошкото ловностопанско подрачје |
|
|
|
|
Напишано од Administrator
|
|
Сабота, 23 Април 2011 16:27 |
|
Од средината на месец март до средината на месец април се извршија активностите за прибирање на теренски податоци за изработка на посебните ловностопански основи за ловиштата во полошкото ловностопанско подрачје. Ова подрачје го сочинуваат ловниот реон Тетово и ловниот реон Гостивар. Тој се протега на север и запад до државната граница со Косово, на југ до билото на планината Буковиќ и на исток до билото на планината Сува Гора. Тоа е лоцирано помеѓу два национални паркови “Маврово“ од југ и “Брезовица“од косовска страна на запад и еден ловен резерват “Јасен“ на исток. Ова допринесува и покрај големиот застрел да има постојан прилив на дивеч, пред се дивокоза и дива свиња.
|
|
Последно освежено на Недела, 24 Април 2011 17:11 |
|
Повеќе...
|
|
Доделени ловиштата од конкурс број 2 и 3 |
|
|
|
|
Напишано од Administrator
|
|
Понеделник, 07 Март 2011 17:54 |
|
На конкурст број 2, 11 ловишта добија свои концесионери кои во зависност од намената на ловиштето со нив ќе стопанисуваат во селдниве 10 или 20 години. Најмногу ловишта на него доби Здружение на граѓани Ловечко друштво „Тиквеш Кавадарци“ Кавадарци 6 ловишта од кои едно за крупен дивеч “Лукар” со кое ќе стопанисува 20 години и 4 ловишта за ситен дивеч “Дреново”, “Росоман”, “Марена” и “Чемерско” со кои ќе стопанисува во следните 10 години.
|
|
Последно освежено на Сабота, 23 Април 2011 19:20 |
|
Повеќе...
|
|
Напишано од Administrator
|
|
Понеделник, 17 Август 2009 09:59 |
|
FCI-Стандард: N° 1/ 07. 09. 1998 FCI Класификација: Група: 7 – Птичари. Секција: 2 – Британски и Ирски Поентери и Сетери. Подсекција: 2.1 – Поентер Со работен испит Матична земја: Англија Употребливост: Птичар |
|
Последно освежено на Понеделник, 17 Август 2009 12:53 |
|
Повеќе...
|
|
|
|
|
|
|
JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL |