| Пролетно пребројување на дивечот во Јасен |
|
|
|
| Напишано од Administrator | ||||||||||||||||||||||||||||||
| Сабота, 23 Мај 2009 19:35 | ||||||||||||||||||||||||||||||
Во периодот помеѓу 11 и 14 мај се извршија активностите за прибирање на теренски податоци за изработка на посебните ловностопански основи за државното ловиште “Јасен“. Како дел од овие активности се изврши пролетно пребројување на дивечот во ловиштето, како во оградениот простор така и надвор од него. Импресиите од државното ловиште се големи. Уреденоста и убавината на ловиштето, како и високиот професионализам на вработените во ловиштето неможе да се споредува со ниедно ловиште во нашата земја. Тоа сосема го заслужува епитетот на ВИП ловиште и би рекол дека тоа е македонски бренд. Превезот на мистерија што се надвива над него само му додава посебен шмек на ловиштето кое во суштина и не е забрането, како што се верува во јавноста. Напротив тоа е отворено за ловците, само што високата цена на ловот во него е адекватна на неговата убавина и можностите што ги нуди, па така тоа од финансиски аспект за некои ловци тоа е прескапо. Тоа е многу исправно и кон тоа треба да тежнеат и другите ловечки друштва во земјава доколку сакаат да опстанат и доколку сакаат да го сочуваат фондот на дивечот. Додека за ловците ловот е дружење, забава, рекреација и спорт, тој за ловечките здруженија претставува пред се бизнис. Тоа менаџментот на државното ловиште “Јасен“ одамна го сватил и затоа све функционира беспрекорно. Што се однесува за уреденоста на ловиштето со разни стопански и ловнотехнички објекти нив ги има многу во вистинска смисла на зборот. Во ловиштето има седум огради за одгледување и застрел на дивечот во кои што има дива свиња, срна, муфлон, елен лопатар и обичен елен. Низ ловиштето има голем број на фаќалки за дивеч, хранилишта и чеки, а солиште има речиси секое ритче во ловиштето. Ловни куќи во ловиштето исто така има многу, но со својот луксуз и комоција се истакнуваат ловните куќи во Ивање, Кула и Селиште. Ловните колиби овозможуваат солидни услови за засолнување на ловците. Нив ги има повеќе и се добро разместени низ ловиштето, така што ловците лесно можат да најдат засолниште во секој дел од ловиштето. Се на се опременоста на ловиштето со стопански и ловнотехнички објекти е на исклучително високо ниво што надополнесто со професионалноста и љубезноста на персоналот гарантира вистинско уживање во ловот и во посетата на ловиштето. Изобилството на дивеч нуди загарантирани шанси за отстреал, но и самото посматрање на дивечот надополнето со убавата природа е вистинско задоволство.
|
||||||||||||||||||||||||||||||
| Последно освежено на Недела, 14 Јуни 2009 08:35 |




